Црквата ги повикува верниците да ги почитуваат препораките во пресрет на Свети Еразмо

Дебарско кичевската епархија во пресрет на големиот празник Света Еразмо Чудотворец ги повикува верниците на почитување на препораките. 

 

На 14 јуни во 19.00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба, а на 15 јуни во 07.30 часот ќе започне Утрената богослужба, додека пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 08.45 часот.

Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот. 

„Ние, како Црква, заедно и свештенството и народот, треба да знаеме дека ние сме создадени според образот Божји, ние сме икона Божја. Но, не сме само душа која лута, ниту само тело без душа. Бог нѐ создал и ни дал и душа, но и тело. Следствено ова, ние сме должни да се грижиме и за душата и за телото. Токму затоа, секогаш апелираме за почитување на мерките од Владата, зашто и Црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе. Затоа сметаме дека со нашето внимание и со грижата за себе, но, пред сѐ, со грижата за нашите ближни, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од ова искушение.
Затоа, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во манастирот и да се помолат на големиот светител, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. Истовремено, Ве известуваме дека оваа година нема да се поставуваат тезги во манастирскиот двор. Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особено што ова е грижа за нив и нивното здравје и нашата иднина“, стои во соопштението од МПЦ Дебарско кичевска епархија. 

 

ФОТО Охриднет архива 2018 година

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани