Давеникот кој вчера беше извлечен од водите на Охридското кај Подмолје бил жител на село Куратица, дознава Охриднет.
Станува збор за Борче Јовески на возраст од околу 50 тина години. Тој бил на свадба во хотелот „Амбасадор“. Сопругата му била почината одамна.
Неговото тело од водите на Охридското езеро вчера е извлечено со облека. Само по себе укажува дека се работи или за самоубиство или евентуално убиство.
Истрагата на полицијата и јавниот обвинител и обдукцијата ќе треба да покаже дали имало траги на насилство врз телото.
