Десетти протест на „Македонија пред се“ во Охрид

Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ на ден 16.06.2018 г. (сабота) на градскиот плоштад во Охрид во 19:00 часот ќе го организира десеттиот по ред од серијата народни протестни собири.

 -„Народниот собие е против злоупотребата на државните институции од страна на власта и носење одлуки на штета на македонскиот народ и држава.Ние како граѓанска иницијатива бараме:

-Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ
-Повлекување на насилно донесениот закон за јазици
-Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија
-Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017
Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава.
Со добра мисла и со Господ напред“, информираат од „Македонија пред се“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани