После силното невреме, кое речиси го руинира популарниот „Мост на елвите“ во Охрид , тој е закрпен за сезоната. Мостот ја поврзува населбата Канео со центарот на градот.
Првично него го изгради бизнисменот Влеија Рамкоски како донација за град Охрид, без одобрение односно како дивоградба во времето на владеење на градоначалникот Александар Петрески. По доаѓањето на градоначалникот Бакрачески имаше планови за рушење на мостот, кој се смета за небезбеден и нелегално изграден, а на негово место градење на современ и безбеден мост, кој ќе биде и атракција за туристите, но од најавите ништо до ден денес.
Силното невреме во март го сруши мостот, а сега тој е закрпен но не е потполно обновен нема заштитна ограда по страните и уште помалку е безбеден од претходно.
Жителите вдолж мостот раскажуваат за Охриднет дека во два наврати биле повредени минувачи од електрична струја поради несоодветно поврзани кабли за осветлување, а еднаш мајка со своето мало дете пропаднала во дупка од мостот. За среќа поминале со полесни повреди.
Охриѓани бараат соодветно и трајно решение кое ќе биде безбедно за бројните минувачи по мостот.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
