Голема трагедија во Струга. Пред еден час дете го загуби животот при пад од петти кат.
Според првичните информации на Охриднет детето паднало од балкон. Медицинските тимови на Брзата помош веднаш пристигнале и го однеле детето во болница. За жал им подлегнало на тешките повреди кои ги здобило при падот. Полицијата и јавен обвинител вршат увид на лице место за да се откријат околностите под кои се случи несреќниот настан.
