СВР Охрид со соопштение за несреќниот случај во Струга

Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид испрати соопштение за несреќниот случај во Струга.

Во официјалното соопштение на СВР Охрид се вели: На ден 21.06.2018 година, во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.
По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Притоа, констатирано е дека малолетното девојче била во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Таму била констатирана смрт а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани