Директорката на училиштето во Велешта фалсификувала диплома

Со распит на државниот просветен инспектор  во својство на сведок, денес во Основниот суд Струга продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во училиштата.  Четворицата обвинети, кои се  товарат за две кривични дела  фалсификување исправа и несовесно работење се изјаснија дека не чувствуваат вина.

Просветниот инспектор на вонреден инспекциски надзор на 01 12 2022  утврдил дека именуваната  директорка  на школото не ги исполнувала условите, согласно законот за основно образование,  немала уверение за положен испит, не поседувала сертификат за познавање  на англиски јазик, немала 5 год работно искуство. Директорката која добила два мандати, била вработена со средно образование, таа се товари за фалсификување на дипломата.

-Сведокот даде исказ согласно нејзините работни задачи што му се поставени и одговараше согласно законот. Постапката ја имаше извршено согласно законот. Сведокот беше повикан само за кривично правниот настан не да ја објаснува процедурата за договорите што ги склучила обвинетата со основното училиште …, вели Џемал Лога јавен обвинител.

Обвинителство побара приоритет на судскиот процес, но  неизвесно е што ќе се случува  после 05 септември,  бидејќи му истекува мандатот на делегираниот судија.

-Мојот мандат истекува на 5 септември, меѓутоа се надевам дека има можност да биде продолжен, овде има предмети кои треба да се завршат најубаво би било тој што ги почнал да ги заврши и затоа јас ќе се обратам да можеме да имаме континуитет во предметите.Секако најпрво ќе треба да се чека официјална одлука дали ќе продолжам , доколку продолжам и овој и другиот медиумски предмет секако ќе добијат приоритет., вели Јордан Јванов судија.

-Врз основа на досега изведените докази во текот на постапката, неспорно може да се заклучи дека се уште не е завршена со решение постапката за надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, а согласно Законот за просветна инспекција. во услови кога не е завршена постапката за надзор која во најлош случај може да заврши со прекршочна одговорност доколку се утврди вина авентуалните сторители на прекршок, смета адвокатот на Мерко.

Во основниот суд во Струга против струшкиот градоначалник се водат три процеси, два за  незаконско назначување на директори во 4 училишта и еден за соупотреба на службената положба при набавката на луксузниот автомобил

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани