Охриѓанка со возило удрила пешак на „Стража“.
-На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.