Денес Директорот на пазари при ЈКП Тржница од Нови Сад-Урош Лончар, оствари работна средба со Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид-Александар Попоски.
На средбата се разменија искуства и сознанија од работењето во врска со тоа на кој начин и каде треба да се сместат одредени производи, местото, локациите, потребните хигиенски услови за нормално одвивање на основната дејност заради која се основани двете претпријатија.
Исто така Директорите на двете претпријатија ги сослушаа и мислењата и предлозите на пазарџиите за подобрување на работењето при што Директорот Урош Лончар им понуди на пазарџиите – производители можност, да ги продаваат македонските производи на пазарот во Нови Сад бесплатно, информираат од ЈП Градски Пазар Охрид.