ВИДЕО: Данче Наумоска единствената жена бакарџија во Охрид

Данче Наумоска е единствената жена бакарџија во Охрид. Занаетот го учела од татко и, кој цел живот бил казанџија, но и се уште и помага во работилницита.

За разлика од минатото кога се изработувале казани и садови, таа денес со своите вешти раце и креативност занаетот го претвори во уметност. Од бакар и позлата прави реплики на златната маска и ракавица, но и други автентични производи со охридски мотиви. Вели целта е пред туристите да се претстави богатото културно наследство на Охрид.

– “Ги изработувам златните маски, автентични – нешто оригинално од Охрид и Македонија. Сакам да ја претставам нашата традиционална култура и да ја пренесам. Златните маски ги изработувам од бакар со позлата, генерално мене ми е главен материјал за обработка ми е бакарот со разни техники и хемикалии за посребрување, потемнување, позлата. Го цртам и добивам нешто уникатно кое што останува, има трајни вредности за идни генерации“ , вели Данче Наумоска – бакарџија.

Уште како дете била калфа во работилницита на татко и, но пред 22 години одлучила да внесе новитети во занаетот. Иако не е карактеристично жена да биде бакарџија, Наумоска докажува дека понежниот пол со своите вештини и креативност може да биде клучен економски двигател, но и промотор на културата.

-„Татко ми е казанџија и уште како дете бев присутна во неговата работилница многу често знаев да му помогнам, да му задржам, бев како калфа. Кога дојде време да станам семеен човек некако се побуди љубовта. Сакав нешто да си обновам да си направам за дома, така почнав и малку повеќе за да формирам бизнис. Веќе 22 години го работам ова ефективно“, вели Наумоска.

Занаетите во минатото беа типично машки професии, биле ценети и од нив добро се 1заработувало. Денес голем дел се во изумирање, ретко имаат наследници.

„Еве јас наследив и мојот син има афинитети да работи. Треба да се има љубов за да се работи нешто креативно, да се има осет, посветеност. Не само имам наследници и мора да го наследат занаетот. Меѓутоа терба вистински со љубов да се настапи кон било кој занает“, вели Наумоска.

Наумоска го унапреди стариот занает, денес со разни техники и материјали создава и уникатен накит. Нејзиното скромно дуќанче го посетуваат голем број туристи и вљубеници во уметноста кои ги ценат ракотворбите.

ВИДЕО: 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани