Дискусија за легализација на канабисот

Третата дискусија во рамките на проектот „Дискусии со професорите“ ќе биде на тема „Легализација на канабис за рекреативна употреба – бенефити и последици“.

Дискусијата ќе се одржи на 21 мај, во 17 часот во аулата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

На оваа дискусија, панелистите ќе дадат свое видување во која насока треба да се движи легислативата во нашата држава и кои би биле бенефитите и евентуалните последици од легализацијата на канабисот за рекреативна употреба. Панелисти на оваа дискусија ќе бидат Проф. Д-р Никола Тупанчески и Адвокат Јанаки Митровски, основач на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

-„Рекреативната употреба на канабис се уште претставува табу тема во Северна Македонија, а правниот систем уживателите ги третира како криминалци. Ваквата легислативна поставеност заостанува зад современите општествени текови кои се повеќе се придвижуваат кон легализација на канабисот. Во однос на производството за медицински цели, експертите тврдат дека моменталните правила се единствено во корист на крупниот капитал, додека пак просечниот граѓанин се сведува единствено на корисник на услугата“, информираат организаторите.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани