Официјално најавен протестот против незаконската изградба на Алипашината џамија.
Како што веќе Охриднет објави, охриѓани организираат масовен протест. Протестот ќе се одржи во понеделник во 16 часот пред општина Охрид.
-„Здружението на граѓани за заштита и афирмација на културните вредности “Совест„ – Охрид сака да Ве извести дека на ден Понеделник ,20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. ДА МУ СТАВИМЕ СТОП ЗА БЕЗАКОНИЕТО НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР!!“, пишуваат од Совест.