Старата градска архитектура во заборав.
Најстарата струшка куќа се распаѓа. Изградена пред 150 години, со автентични чардаци, сведок на автентичната градска архитектура, куќата се распаѓа пред очите на сите.
Објектот сам по себе е пропознатлив топоним на градот Струга. Но , никој не презема мерки за заштита на вредното културно наследство, се жали еден од сопствениците на куќата, Глигор Ќато, кој заради нарушени имотно правни односи нема пристап, и не смее да преземе било какви градежни зафати.
-„Куќата е прогласена за културно добро културно богатство по мои информации е ставена во заштите пред околу десетина години но до ден денес не се одобрени средтсва од страна на министерството за нејзино конзервирање. Од нивна страна сум известен дека треба да се изготви рпеокт за валоризација на обејктот но за правење на таков проект немале средства во буџетот за што јас се пријавив и како доброволец јас да го финансирам“, вели Глигор Ќато сопственик на дел од објектот во распаѓање.
Секојдневно демне опасност куќата да се сруши , а со тоа и опасноста да ги повреди минувачите. Ќато ставил импровизирани огради среде чаршија со натпис да се стои подалеку од куќата која се распаѓа.
–„Самиот факт што куќата се наоѓа во струшката чаршија претставува опасност по здравето и животот на сите минувачи во чаршијата па се обратив до надлежните институции општина Стрига, Завод за заштита на спомениците каде во детали ги известив за состојбата во која се наоѓа објектот, нејзиното култруно историско значење и потенцијалната опасност по животот на минувачите. За жал од нивна страна не добив никаква реакција, тоа претставува и една генерална слика за одност на државата кон културно ситориското богатство’, вели Ќато.
Од охридскиот Завод и музеј звелат дека без оглед на староста, објектот не е во категоријата на поединечно заштитено добро за да може Завод и музеј да превземе активности за негово санирање.
-„ Објектот е само евидентиран,но не е ставен под заштита. Може да се покрене постапка, но тоа итно нема да го реши проблемот бидејќи се работи за административна порцедура која одзема време.Треба да се изготви најнапред елаборат за валоризација на објектот, а потоа да се донесе решение за негово прогласување за поединечно заштитено добро“- појаснува директорката Елеонора Новакоска.
И додека се прават планови, како да се заштити куќата, се бројат деновите, кога чардакот ќе се сруши, а со тоа Струга ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија.
Новинар Соња Рилковска