Голем број странци ќе бидат дел од Охрид Траил

 

Огромен интерес за првото издание на Охрид Траил. 

Голем број на странци ќе учествуваат во првата планинска трка во Охрид. Досега се пријавени 160 луѓе од 19 земји меѓу кои и Австралија, Словенија, Полска, Турција, Австрија, Русија, Унгарија, САД и Велика Британија.

Следниот викенд на 25 мај со старт од Свети Наум и Елешец ќе започнат две планински трки во рамки на првото издание на настанот „Охрид Треил“. Учесниците ќе уживаат во природата и планинскиот терен.

Пријавувањето за трката завршува денес,  а заинтересираните може да одберат помеѓу две дистанци на интересни и возбудливи планински трки – 35 километри со 1450 метри висинска разлика и друга, доста потешка стаза од 60 километри со 3100 метри висинско искачување и спуштање.

Учесниците ќе имаат можност да трчаат низ некои од најживописните терени на планината Галичица а финишираат во самиот центар на Охрид – пред Домот на Културата. Трките ќе се одвиваат во текот на целиот ден 25 мај – со старт во 8 часот за 60-километарската стаза и во 10 часот за пократката. Лимитот за финиширање е 18 и 23 часот истиот ден. Доделувањето на наградите и заедничкиот ручек и дружба се закажани за недела 26 мај.

Секој учесник ќе добие пакет со техничка маичка за трчање и марама, а финишерите добиваат уникатен финишерски медал. 

Повеќе информации може да се најдат на официјалниот вебсајт – www.ohridtrail.mk

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани