Доцни супервештачењето, повторно одложено судењето за родилката од Дебар

Повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, која пред четири години, при породување во струшката болница остана без три органи, бубрег, јајници и матка. Последното рочиште се одржа  во април, кога поради неусогласување на двете спротивставени вештачења, судот  издаде наредба да се прави супервештачење, за утврдување на одговорност кај лекарите.

Супервештачењето доцни, треба  го изготви  одбор од  19 лекари при Медицинскиот факултет. Оштетената стравува, постои опасност судењето повторно да се врати на почеток, бидејќи од 15 јули почнува судската ферија, а третиот судија, кој го води случајот е делегиран само до 05 септември.

– „ Двајца судии се пензионираа третиот судија го води мојот случај, но неизвесно е дали третиот судија ќе го заврши случајот или па ќе треба и четврт судија да го земе мојот случај тоа ќе биде катастрофа за нас како граѓани, толку исчекување за правда е предолг период“, вели Јилдаз Веапоска оштетена родилка.

Судскиот процес за родилката од Дебар трае повеќе од три години, двајца судии се пензионираа и не го довршија, се сменаа и двајца обвинители. Оштетената е исцрпена, психички, физички и финансиски.

„Во овој случај одбраната тоа време гледа што повеќе да го продолжи, прошири, зголеми, бидејќи со тек на време се губи жестината на самиот процес вие и сами сте свесни како тоа изгледаше како денес меѓутоа знаете времето со правдата како се поврзани колку и долго да трае правдата ќе го најде својот пат“, вели Сашо Јанев адвокат на оштетената.

Според обвинението, првообвинетиот д-р Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска,  се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и примена на неподобни средства при лекувањето.

 

Новинар Соња Рилковска

.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани