Донев официјално ја презеде функцијата претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Новоизбраниот претседател на ОК На ВРО ДПМНЕ Охрид Сашо Донев вечерва официјално ја презеде функцијата од претходникот Кирил Пецаков.

 

-„Од моите средношколски денови го вложував младешкиот дух и енергија во структурата на ВМРО-ДПМНЕ посветена на младите позната како Унија на млади сили. Со многу работа, непоштеден активизам, учење и почитување на повозрасните започна мојот пат во политиката кој беше вреднуван со постепено напредување во партиските структури. Мојот професионален пат го насочив кон политичките науки како струка непосредно поврзана со општественото живеење и политиката како патоказ на едно општество. Студирајќи на Правниот факултет во Скопје ми беше укажана доверба да ја водам Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, движење во подем кое прерасна во најголем политички подмладок во Охрид и го најави падот на тогашната локална самоуправа на СДСМ. Локална власт која спроведуваше урбана деградација и финансиско пустошење на градот кој западна во тотална неликвидност.Бев дел од тимот на новата и поразлична локална самоуправа кој реализира најмногу инфраструктурни проекти и проекти посветени на младите во исто време соочени со огромни долгови и големи очекувања. Работевме, понекогаш и грешевме… Одговорноста е превземена а поуката е извлечена за во иднина.
Почитувани,Сакам да ве известам дека вчера ми беше дадена доверба од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Извршниот комитет, да ја водам најголемата партија во Охрид во овие тешки и судбоносни времиња за нас и нашите идни поколенија.Заради важноста на периодот кој следи, ВМРО -ДПМНЕ Охрид ќе биде отворена за секој граѓанин со желба за активизам и борба. За секој што ќе сака да го даде својот придонес и да се спротистави на лагите, неспособноста, хаосот и погубната политика што ги спроведува актуелната власт на централно и локално ниво…Борбата ќе биде долга, тешка, непоштедна…БОРБАТА ЌЕ БИДЕ ВМРОВСКА!“, напиша на својот фејсбук рпофил Сашо Донев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани