Државата ќе го преземе управувањето со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, премиерот Заев рече дека работат на надминување и на овој проблем.
„Во пакет сакаме да го решиме со изнаоѓањето на начини на финансиско помагање на општините преку кредитно задолжување на подолг рок со помали каматни стапки во целиот овој пакет, претпоставуваме и очекуваме дека Владата ќе донесе одлука за целосно превземање на управување на колекторскиот систем“, најави премиерот Зоран Заев при неговата посета во Охрид.
Заев рече дека не само што треба Владата да донесе одлука за преземање на управувањето со Колекторскиот систем, туку треба да се испочитува и обврската за негово надградување.