Два послаби земјотреси во охридско

И минатата ноќ регистрирани два нови земјотреси во охридско. 

Регистриран е потрес од 2,5 степени по Ррихтеровата скала, на длабочина од 2 километри, а со епицентар во Охрид. По овој потрес, регистриран е уште еден со јачина од 2 степени по Рихтер, повторно со епицентар во охридското подрачје. Овој потрес бил на длабочина од 1 километар. Од 18 јуни до денес охридското тло се тресе, со различен интензитет. Земјотресите се проретчуваат и им се намалува интензитетот. Експертие очекуваат тлото да се смири. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани