11 албански државјани протерани од струшката депонија

11 државјани на Република Албанија се протерани од државата поради тоа што нелегално живееле и работеле на струшката депонија.

Неколку семејства,  роми по националност, живееле во импровизирано живеалиште,  а работеле со собирање отпад  на дивата депонија, која повеќе од три месеци гори, тлее и чади.

 

Албанците добија забрана за влез во Македонија во рок од една година.

 

-Единаесеттемина се затекнати на струшката депонија на 25 ти овој месец каде што имаат изградено измпровизирано живеалиште и каде што всушност работеле на собирање на пластичен отпад. Во соработка со обвинителот нив им се изречени соодветни пријави за нелегален прњстој во државата како и нелегална работа на подрачјето на Струга , вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

Дополнително ќе се утврдува дали албанците  имаат некаква поврзаност со палењето на дивата депонија, која е на само неколку километри од градот Струга, а од април годинава се потпалува   и ги гуши граѓаните и посетителите  на Струга.

 

– Посебен тим на полициски службеници се уште ги утврдуваат околностите дали нивното присуство и делување на подрачјето на струшката депонија е дирекно поврзано со палеето на истата и онашто ќе произлезе од нивната натамошна работа ќе биде секако преедмет и на полицијата и понатака во соработка со јавното обвинителство, додава Димоски.

 

Албанските државјани   со асистенција на полицијата денес беа  екстрадирани во Албанија. А во мегувреме депонијата повторно гори, а чадот и лошата смрдеа се чуствуваат низ цела туристичка Струга.

 

 Новинар Соња Рилковска

 

Канал 5 ТВ  

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани