СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.
На 12.04.2017 година, по претходно објавен оглас, пријавениот телефонски стапил во контакт со М.О.(33) од с.Лешани-Охрид и лажно претставувајќи се дека е претставник на Синдикатот од Државна болница Мајка Тереза во Скопје, побарал М.О. да му продаде односно да му заколе 10 јагниња од по 40 килограми. На 13.04.2017 година, по претходен договор пријавениот дошол кај М.О. ги натоварил јагнињата во возилото, и се оддалечил во непознат правец, без да ги плати истите. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.