Силна експлозија одекна синоќа во стан во населбата „Даљјан“ во Охрид.
Експлозијата се случила синоќа околу 22 и 30 во станбена зграда на улицата „Сатеска“ во Охрид. Повреден е сопственикот на станот кој брзо е пренесен во Општата болница. По експлозијата настанал пожар а целиот стан бил демолиран. Голема паника ги фатила жителите од зградата кои првично не знаеле од што настанала експлозијата, бегале од пожарот и трчале надвор. Противпожарната единица брзо стигнала во станот и го локализирала пожарот. Одтаму, за Охриднет велат дека можна причина за пожарот е експлозија на плинска боца. Вознемиреноста се уште била присутна кај граѓаните посебно кај повозрасните.