2.075.300 жители имала Македонија во јануари 2018-та покажува истражувањето на Еуростат.
Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат посочува дека истиот период лани бројот на популацијата во Македонија бил 2.073.700.Сепак Македонија попис нема спроведено од 2001, а најавите се дека за две години ќе се преброиме.Еуростат проценува дека Европската унија во јануари 2018 година броела 512,6 милиони жители а зголемувањето на популацијата од 1,1 милиони жители во однос на истиот период лани се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени.
Податоците покажуваат дека Германија е најнаселена, зад неа се Франција, Велиак Британија, Италија, Шпанија и Полска.
Извор:faktor.mk
