Риболовците биле фатени утрово во забранета риболовна зона.
На 26.11.2019 година во 06.20 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, на подрачјето од рекреативната зона „Мазија“, каде е забранет стопански риболов, во метален чамец, во бесправен риболов на охридски крап со мрежа, затекнати се Т.Т.(53) и А.Ф.(50), двајцата од Охрид.
– Тие се повикани на разговор во полициската станица и против нив ќе биде поднесена пријава според Законот за Рибарство и Аквакултура, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

