Финиш на велосипедската тура за Денот на независноста во Струга

Осмата историска велосипедска тура стартува од Маврови Анови преку Дебар и завршува во Струга.

По повод 8-ми септември – Денот на независноста, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, денеска ќе биде одржана осмата историска велосипедска тура од Маврови Анови преку Дебар до Струга, долга 110 километри. Велосипедската тура ќе ја возат Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда, кои со велосипед од Маврови Анови тргнаа во 9:00 часот, во Дебар да пристигнат во 10:30 часот, а во Струга во периодот од 13:30 до 14:00 часот. Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски, кој е на 78-годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години. Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани