ФОТО Експлозијата во Далјан го демолира станот и оштети повеќе возила

СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за предизвикана општа опасност и случена експлозија во стан на улицата „Сатеска“ во Охрид. Активностите се насочени кон дефинирање на можна експлозија од плинска боца која се наоѓала во трпезаријата од станот.


Настанот се случил во 22 часот и 24 минути кога по експлозијата во трпезаријата, настанал пламен а потоа пожар ја зафатил покуќнината и почнал силно да се шири низ собите. Пожарот е изгаснат со брза интервенција на Противпожарната единица од Охрид. Од експлозијата, со телесни повреди се здобил сопственикот на станот кој бил префрлен на хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му била пружена неопходната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид  Стефан Димоски.


Од синоќа извршениот увид, било констатирано дека од експлозијата и пожарот оштетена била целата покуќнина од станот и искршени биле сите прозори и оштетени биле и седум патнички возола паркирани во близина на зградата со што е причинета голема материјална штета.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани