Крадец „се офајдил“ со пиштол и злато откако извршил кражба во стан во Струга.
Според соопштението на МВР, на 07.08.2017 година во времето од 14,00 до 16,00 часот во Струга на ул.„ЈНА“, во стан сопственост на А.С. (57), непознат сторител извршил кражба, и одзел пиштол „ЦЗ-99“ со две рамки и 26 куршуми калибар 9мм, што А.С. го поседувал со дозвола, како и разновиден златен накит (белегзии, ланчиња, прстени) и пари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.