ФОТО: Изложба на уметникот Драган Спасески

Извонреден и несекојдневен мултимедијален проект синоќа  на „Охридско лето“.

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ беше  претставен мултимедијалниот проект „Човек е трепет, и ангелот трепет е, а ти Боже мој….“ од уметникот Драган Спасески Охридски.

Во прашање е сликарство кое се движи од реализам, кога е во прашање портретот, до асоцијативна симболика, кога станува збор за фигуративната симболика, вели уметникот Спасески.Овој проект, претставуваше вистинско  доживување на уметноста како дел од бесконечноста и вечноста продолжувајќи ја љубовта кон човечкото…ангелското и Божјото.Спасески соединил три големи теми во сликарството од кои секоја има духовен карактер, своја историја и карактеристики, а понекогаш и проткајувања. Создавајќи прв во Македонија и меѓу малубројните во светот на сликарството што имаат одлики на религиско, еротско и фантастично, отворил нови изразувачки можности, длабоко свесен дека поголемиот број уметници во модерната и постмодерната имаат сосема недуховен, лишен од каков било повисок или спиритуален интерес.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани