ФОТО: Се асфалтира улица „Македонија“

Започна асфалтирањето на  улицата „Кеј Македонија“ во строгиот центар на Охрид.

 

Претходно беа извршени  подготвителните градежни активности околу рехабилитација на оваа делница. 

Градежните зафати ќе завршат утре на 18 ти  јуни , а улицата дотогаш е затворена за сообраќај. 

– Улицата ќе биде затворена за сообраќај, на потегот од пресекот со улицата „Македонски просветители“ до пресекот со улицата „Јане Сандански“, информираат од локалната самоуправа, од каде апелираат до сите сопственици на возила кои се паркирани на овој потег, истите да ги отстранат.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани