Градоначалникот Јован Стојаноски го обелодени вкупниот долг на општина Охрид.
После долгите пресметки и анализи во општинската каса изјави дека долгот на оштина Охрид е 1 милијарда и 400 милиони денари или околу 25 милиони евра.
-„Во моментов финансискиот долг, нагласувам – финансискиот, изнесува околу 1.400.000. 000 денари, кон сите доверители со кои Општина Охрид има работено. Сакам да нагласам дека од овој износ околу 600.000. 000 се камати, а 200.000,000 денари се за извршни трошоци. Граѓаните ова треба да го знаат, изјави Стојаноски.
