Во среда во Охрид доаѓаат новинари од регионот кои се на туристичко патување во Македонија.
Повеќе новинари од Србија, Хрватска, Бих и Црна Гора чија специјалност и професионалност е туризмот, од утре до четврток ќе престојуват во Македонија. Домаќин и организатор на нивното туристичко патување е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).Новинарите во Скопје ќе прават репортажи за Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“, плоштадот „Македонија“, Калето,…Претпладнето во вторник е резервирано за Пантелејмон и Кањонот Матка, а попладне се оди за Маврово и Дебар каде новинарите ќе имаат можност да ги видат руралните предели на Македонија. Во овој дел е вклучена и посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Рајчица“.За среда е планиран Охрид, посета на неговите природни и културни знаменитости и обележија, додека во четврток на агендата се Битола и винскиот регион на Македонија, со посета на кралската винарија „Вила Марија“.Како што велат од АППТ, на дел од новинарите во турата специјалност им е гастрономијата, поради што е договорено снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен.Информативното патување на новинарите од регионот беше прелиминарно договорено на интернационалните саеми за туризам во Белград и Загрeб на кои учествуваше Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски.
