ФОТО+ Видео: На охридскиот плоштад „музицира“ кој ќе стигни

Синоќа на охридскиот плоштад, веднаш до споменикот на Свети Климент , ечеше  арапска музика.

Во традиционална исламска облека со силен звучник и микрофон едно машко лице пее арапска музика. За возврат добива пари од дел од минувачите. 

Согласно законот, за јавен настап потребна е посебна дозвола од општина Охрид. Според информациите  кои ги добивме лицето,  кое веќе  неколку денови ги менува локациите низ градот и гласно пее,  не поседува таква дозвола.

За добивање на одобрение за јавен настап се поднесува барање во секторот за  урбанизам, тоа е законска процедура, што  мора да ја исполнат сите музичари кои заработуваат по градските улици. 

Во спротивно инспекциските  служби и полицијата се должни да ги отстрануваат. Надлежните пак,  во општината се должни да проценат кој смее а кој не смее да  „музицира“ низ градот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани