Во Собранието расправа за договорот, пред Собранието протести

Договорот за името денеска е пред пратениците. Пред Паралментот, во 11 закажан нов протест.

Договорот за промена на името, прифатен од Владата на Република Македонија, денеска е пред пратениците на Собранието на Македонија. Со тоа ќе почне процедурата за ратификација на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор околу името.Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција доби европско знаменце и ќе биде по скратена постапка. Пратениците денеска треба да ја изгласаат потребата за донесување на предлог-законот за ратификација, по што ќе отвори дебата во Комисијата за европски прашања. Поради европското знаменцена текстот на Предлог – законот се кратат роковите и дискусиите на Комисијата за европски прашања се ограничени на три дена. По дебатата во оваа собраниската комисија, за договорот ќе се гласа и на пленарна седница. За да се ратификува, потребно е мнозинство од 61 пратеник.Паралелно со денешната седница за ратификација, пред собраниската зграда во 11 часот, закажан е нов протестен собир.Поголема група граѓани неколку дена протестираат пред Собранието против промена на името.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани