Галичица ќе ја одбележи годишнината од прогласувањето на Националниот парк

НП Галичица ќе ја одбележи  годишнината од прогласувањето на Националниот парк.

Во текот на 2019 година, Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ) продолжи со трансформацијата на своето работење, преку зголемување на приходите од туристички активности, а намалување на приходите од директно користење на природни ресурси.

За таа цел, во текот на оваа година, а согласно годишната програма за заштита на природата, Јавната установа Национален парк Галичица изработи нова веб страна (http://galicica.org.mk/) и мобилна апликација за Андроид и IOS паметни телефони.
Со тоа се подобрува запознавањето на посетителите со природните и културни вредности на Националниот парк, но исто така се допринесува за поголема безбедност на посетителите на паркот и подобрување на туристичката понуда во Охрид и регионот.
Исто така, во рамки на своите активности, ЈУНПГ подготви и ново промотивно видео за убавините на Националниот парк, а во соработка со Фондот за природа Преспа-Охрид беше изработено и видео кое ја прикажува соработката меѓу установата и ПОНТ на интересен и лесно разбирлив начин, информираат од НП Галичица. 

По повод денот на Национален парк Галичица (25 октомври), Јавната установа Национален парк Галичица распишa ликовен конкурс на тема: „Убавините на Национален парк Галичица“. Резултатите од овој конкурс беа веќе објавени, а наградите ќе бидат доделени на одбележувањето на прогласувањето на Националниот парк Галичица заедно со презентација на веб страната, мобилната апликација и видеата.

Настанот ќе се одржи на 1 ноември 2019 година (петок) во Инфо центарот на Јавната установа Национален парк Галичица во Охрид, со почеток во 12:00 часот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани