Со несовесно работење роднини се стекнале со имотна корист

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(71) од Струга и Г.Ј.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење“.

Во текот на 2019, првопријавената, во својство на одговорно лице во правното лице ,,Јованоски Холдин-Ана“, во договор и содејство со второпријавениот, кој бил поранешен сопственик на наведеното правно лице, а со кого биле во роднинска врска, со несовесно работење овозможиле евиденцијата во трговската книга да не се ажурира во согласност со одредбите во Законот за трговија и другите прописи, при што на 31.08.2019 биле утврдени несогласувања помеѓу ЕТ-образецот и аналитичката картица. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 3.337.450 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани