Глутница кучиња сее страв кај охридската гимназија

Глутница кучиња сее страв кај охридската гимназија.

Утрово десетина кучиња на бул „Туристичка“ во близина на охридската гимназија лаат и ги воземируваат минувачите. 

Охриѓани бараат надлежните да преземат мерки и да обезбедат безбедно движење за граѓаните, особено за учениците во близина на двете училишта гимназијата и ОУ „Григор Прличев“. 

-„Стотици ученици минуваат овде. Не е безбедно, куќињата лаат  , трчаат по сите минувачи. Чекаме да се случи немил настан. Некое дете да настарада?  Надлежните итно да преземат мерки“, велат револтирани граѓани во зијава за Охриднет. 

Започнувањето со работа на долгоочекуванит стационар  го чека завршувањето на мораториумот за  комплетирање на целокупната администратвна процедура.

Дотогаш од една страна поплаки од граѓаните а од друга страна сведоци сме на нехумани постапки од страна на поединци. Неодмна повеќе кучиња беа отруени на градскиот плоштад. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани