Луѓето кои пребаруваат во Google по клучен збор „депресија“, ќе биде побарано да пополнат прашалник за да дознаат дали страдаат од ментална болест, пишува Би-Би-Си.
Најголемиот пребарувач соработува со американскиот сојуз за ментални болести, за да го прошири проектот, кој во моментов е само за корисниците од САД.
Луѓето кои бараат информации за депресија ќе видат опција „проверете дали имате клиничка депресија“. Ќе биде доволно да го забележат, за да може да направат анонимен тест за нивната состојба – ниво на депресија и потреба од стручна проценка.
Алатката PHQ-9 (The Patient Health Questionnaire-9) вклучува девет прашања, на пример колку често пројавувате „минимален интерес или задоволство од правење на работи“ или колку често „имате тешкотии со концентрирањето на нешта како читање на весник или гледање телевизија“. Различни студии покажаа дека алатката е брз и сигурен начин за прецизно идентификување на знаците на клиничка депресија.