Холанѓанец агресивно се однесувал кон медицински лица ја оштетил опремата во амбулантното возило

Холанѓанец агресивно се однесувал кон медицински лица ја оштетил опремата во амбулантното возило.

На 05.06.2024 во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија. Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид  и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија. Против него е поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани