Хотелиерите бараат урбанистички планови за изградба на нови капацитети

Хотелиерите бараат итно носење на детални урбанистички планови за целото крајбрежје на Охрид и Струга  за изградба на нови хотелски капацитети.

Според нивните проценки само 10% од крајбрежието е урбанизирано.

-„Се надеваме дека Владата ќе земе во предвид дека треба да се изработат тие детални планови и да се добијат тие средства кои се потребни за доградба и изградба на нови туристички капациети.Тука не спаѓаат само хотелски објекти туку и други објекти кои се во областа на туризмот.Можам да кажам дека ако Охрид имаше уште 5000 хотелски соби оваа година ќе можевме да ги покриеме под ист капацитет како останатите хотели“, рече Крсте Блажевски- претседател на Хотам во зијава за Алсат М. 

Хотелиерите бараат стимулирање на изградба на квалитетни хотели со намалување на комуналиите, решавање на проблемот со нелојалната конкуренција и координативно делување на инспекциите терен и наамалување на ддв- то за ресторанските услуги од 18% на 5%.

 

Social profiles