Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид преку Клубот на Млади при Црвен крст Охрид организира хуманитарен ПИЈАНО КОНЦЕРТ на кој ќе настапи талентираната пијанистка Викторија Митеска во класата на проф. д-р Ана Гацева.
Хуманитарниот музички настан ќе се одржи на 07.09.2017 г. (четврток) во просториите на Основното музичко училиште Методи Патчев во Охрид, со почеток во 19 ч.
Влезот е слободен, а средствата собрани во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот, ќе бидат наменети за здравствените потреби на лица со социјален ризик од Охрид.
Ве очекуваме и Ви гарантираме музичко уживање и хуманост.