Ова е дел од оставката на заменик министерот за образование.
Петар Атанасов, со својата оставка поднесена до премиерот Заев,вели дека од самиот почеток не му било дозволено да формира тим за решавање на проблемите во образованието, меѓу кои и за Филмската академија во Охрид.„Првите два месеца заедно со една поголема група изготвивме решение за јазлите во кои беше навлегол Филмскиот институт во Охрид. За жал извештајот и предлог мерките останаа во Кабинетот на министерот. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме“. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна, му напиша Атанасов на Заев, кого го извести дека поднесува оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која тој ја предводи. Причините за оставката тој ги образложи во отворено писмо до претседателот на Владата Зоран Заев, што го објави на својот Фејсбук профил.
