Јавна расправа за сообраќајниот режим во центарот на Охрид

Денес , 20 јуни со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се организира јавна расправа за организирање на режим на сообраќај во централното градско јадро.

Идејниот проект го изработи и ќе го презентира фирмата “24 Инк“, а во себе содржи 3 идејни решенија за динамичкиот, статичкиот и пешачкиот сообраќај. Проектот ги скенира сите видови на сообраќај, со коефициент за најголема оптовареност и најоптимални решенија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани