Дали и кога, македонската туристичка метропола ќе добие уште еден нов по европски терк „Guide Book Ohrid?
Гоце Дртковски претставник на издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“, на прес конференција во Скопје најави дека издавачката куќа ќе објави водич на англиски јазик и за Охрид.На прес-конференцијата одржана вчера во Скопје по повод скорешниот почеток на фестивалот „Скопско лето 2018“, беше промовиран и водич за Скопје на англиски јазик „Guide Book Skopje“ на издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“.
– Македонија чекаше 25 години да ја добие оваа објективна енциклопедија на англиски јазик, направена на ниво на европски водич за претставување една престолнина, рече Дртковски, најавувајќи дека ќе објават водич на англиски јазик и за Охрид.
