Граничната полиција и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ подружница Струга, вчера ја реализираа едукативната кампања „Лето без пожари“.
Со кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид вели дека кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот.
-Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови, изјави портпаролот Димоски.
Една од целите на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.
Кампањата „Лето без пожари“, се реализираше на „Ќафасан“
Граничната полиција и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ подружница Струга, вчера ја реализираа едукативната кампања „Лето без пожари“. Со кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид вели дека кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот. -Полициски службеници од граничната полиција Регионален центар Запад и претставници на Јавното претпријатие, ја реализираа едукативната кампања со делење флаери и едукативни совети до патниците на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Република Македонија за заштита од пожари и намалување на опасностите по шумите и националните паркови, изјави портпаролот Димоски.Една од целите на проектот е јакнење на јавната свест кај граѓаните за неопходната заштита на шумите како национално богатство од пожари, навремено забележување и информирање за настанат пожар до релевантни субјекти за нивна брза реакција, навремено организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки.