Четири нови случаи со коронавирус се регистрирани во Дебар и Центар Жупа.
Се воведува кризна состојба на дел од територијата на Македонија, поточно во општините Дебар и Жупа. Таму има четири нови заразени со коронавирус. Луѓето од овие општини ќе бидат ограничени со движење, нема влез и излез од таму. Четири нови случаи на корона вирус се потврдени кај лица од Дебар кои имале контакт со втората група на заболени, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Станува збор за луѓе на 55-56 годишна возрас. Поради ова, односно трансмисијатата од човек на човек, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба. Во врска со првите двајца патци има 21 лице кое што е водомашна изолација. Од втората група тоа се тие што контактирале со тројцата заболени од Дебар, се 24 лица, 10 од нив покажале симптоми и четворица ќе бидат хоспитализирани поради позитивни резулати, рече Филипче.
