По бегалецот била распишана потерница.
Затвореник од затворот „Идризово“ во Скопје избегал и се криел во Охрид. Според информациите на Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „синоќа во 20,40 часот во Охрид, полициски службеници од слобода го лишија Б.С. (43) од Тетово. Тој, претходно извршил бегство од Казнено поправната установа-затвор Скопје по што била распишана потерница и наредба за приведување. Истиот е пренесен во Скопје и предаден на затворските служби“.
