Галеб АД Охрид вонредно ги дезинфикува сите возила за меѓународен,меѓуградски и градско приградски превоз, како и возилата за фабрички превоз во Охрид и Кичево.
Дезинфекцијата ја спроведе Центарот ја јавно здравство Охрид.
По повод новонастаната ситуација а во врска со препораките на Министерството за здравство за затварање на образовните институции,како и откажувањето на сите културни и спортски манифестации што неминовно допринесе за намалена циркулација на патници,Галеб АД Охрид ги известува своите патници дека во следниов период а почнувајќи од утре 14 март,НЕМА ДА СЕ ОДРЖУВААТ следните линии:
07 30,12 45 и 19 00 од Охрид кон Скопје
08 00,12 00,16 30 од Скопје кон Охрид
08 15 и 13 15 од Охрид кон Битола
10 30 и 16 00 од Битола кон Охрид
Се надевам дека нашите патници ке покажат разбирање за овие непопуларни мерки кои мораа да бидат превземени, информираат од АД „Галеб“.
