Охридските угостители ги почитуват препораките на Владата за заштита од корона вирусот. Угостителските објекти реорганизирани.
Масите издвоени една од друга со растојание од метар и половина. Речиси сите, уште вчера иако не беше усвоена препораката , ставија клуч на врата во 18 часот.

– „Целосно ги прифаќаме препораките, тоа е регулирано и со закон нема отстапување. Се затвораат локалите во 8 часот и капацитетт на деловниот простор е редуциран, вели Михаил Мишев претседател на Угостителски еснаф.
Денеска исчезна редовната слика на градот.На топлото сончево време ,кога илјадници граѓани од најмладо до најстаро ужива во прошетките на езерскиот кеј и охридската чаршија .
Градот е речиси празен, а граѓаните исплашени, велат редовно мијат раце и избегнуваат собири.
–При наплаќање кога ми наплаќаат со апри гелот го користам. Подалеку на дистанца еве и на клупа со пријателот на дистанца сме малку. По кафичи не доите. Одбегнувам, вели една охриганка.
–Да бидеме претпазливи внимателни, помалку дружење да има. Нема луге празен ни е градот. И короната да нормално ако школите не работаат и кафичите треба да ги почитуваат препораките на Владата, велат охригани.
-Штом пиеш ракија и вино нема корона вирус. Ги почитувате ли препораките на владата? Да , вели трет охриганец.
– Ги почитувате ли препораките? Да потполно. Мијам раце редовно. Од едно метро правиме муабет.Нема каде да излегуваме затворено е се. Нема никој пусто е . Неа туристи нема домашни. Сите си седат дома, вели охриганец.
Угостителите стравуваат дека моменталната состојба рестрикциите и откажувањата на туристите ќе има далекусежни негативни последици во угостителството.
– Со самото тоа што сме редуцирани само на едносменско работење од претходните две јасно е дека после извесен период веќе ќе стане товар превработеноста и тоа е една од штетите кои ги трпиме. Како шт реков извесен период ќе можеме да компензираме а понатаму ќе чекаме повеќе слух од надлежните, вели Мишев.
Новите мерки за справување со корона вирусот денес излегоа и во службен весник. Кафетериите и рестораните ќе работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре ќе биде преполовен.
Новинар Соња Рилковска
