Лихвар од Струга со тепање изнудувал пари од сограѓанин

Со тепање и закани, лихварот пет години го тепал стружанецот и му изнудувал пари.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лихварство “, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Ј.П.(32) од Струга.Тој, казненото дело го сторил на 17-ти јули оваа година на улицата „Партизанска“ во Струга, каде го пресретнал сега оштетениот Ц.Ш.(34) и веднаш започнал вербална расправија барајќи му пари а потоа и физички го нападнал.
-Според пријавата од сега оштетениот, вербалните закани и физичките напади врз него, пријавениот Ј.П. ги вршел од 2013 година кога тој на оштетениот му позајмил 12.000,оо денари. Оттогаш, па се до моментот на пријавување, сега оштетениот, на Ј.П. му имал исплатено околу 40.000,оо денари кој и понатаму продолжил со закани барајќи му пари, по што Ц.Ш. го пријавил настанот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани