Македонија и Охрид-дел од туристичкиот саем во Белград

Охрид во обид да ги привлече српските туристи.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со приватниот туристички сектор десет години континуирано и активно ги промовираат туристичките можности и дестинации на Македонија, на интернационалниот саем за туризам во Белград, Србија.Оваа година репрезентативниот штанд на нашата земја има рекорден број излагачи, гледајќи го потенцијалот на српскиот туристички пазар. Hotel Sileks, Klimetica Hotel, Hotel Montana – Krusevo, Park Hotel, Hotel Granit – Ohrid, Hotel New Star 5*, Restoran Ostrovo Sv.Naum, општините Крушево, Дојран, Охрид и туристичките агенции, Bademtour Balkan Incoming, Macedonia Holidays DMC, Бохемија и Мацедонија Висион се претставници на туристичкиот сектор.Првиот ден помна успешно за сите претставници, директорот Љупчо Јаневски остври средби со директорите на националните туристички организации на Србија и Црна Гора. На координативниот состанок се договараше заедничкиот настап на најголемата азиска туристичка берза во Сингапур.
41-во издание на Интернационалниот Белградски саем за туризам (UFI), се одржува од 21-ви до 24-ти февруари. Белградскиот саем за туризам е најголемиот туристички настан во земјата и Југоисточна Европа. Традиционално, 41-на години ги исполнува светските стандарди во туристичкиот бизнис, гради партнерски односи со изложувачите кои преку квалитетни понуди и разни настани го привлекуваат вниманието на туристичките ентитети.Македонија ги презентира туристичките содржини и капацитети заедно со повеќе од 1200 изложувачи, а бројот на посетители надмина над 70000 илјади. Меѓународниот карактер на настанот, кој привлекува повеќе излагачи секоја година од сите делови на светот, го потврдија повеќе од 250 странски учесници од 43 земји.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, упатуваат благодарност и до македонската амбасада во Белград и г-дин Александар Поповски за логистичката поддршка и заедничката промоција на српскиот туристички пазар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани