Без трошка свест се пали трската на крајбрежниот појас Струга-Калишта.
Македонската јавност сведочи за еколошката катастрофа на струшкото крајбрежје. Без трошка свест се пали трската на крајбрежниот појас Струга-Калишта, и тоа во неколку наврати, а нема никаква реакција од власта, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.Оттаму велат дека се уништуваат ендемични животински и растителни видови кои отсекогаш опстојувале на тоа место.Неодговорното однесување и негрижата за животната средина предизвикуваат згрозување
особено кај струшката јавност и кај сите еколошко свесни граѓани.
-Евидентно е дека на местото на запалената трска се обавуваат градежни работи, за да се урбанизира и да се отстапи на приватни лица, блиски до актуелната локална власт и СДСМ.За жал, до сега нема никаква реакција од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое што веќе подолго време ги толерира хаосот и безредието на локалната власт и СДСМ, на прес конференција изјави Мартина Јанковска-Стојаноска, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга.
Колкав е профитот на СДСМ што вреди повеќе од ваков еколошки геноцид? До кога власта на СДСМ ќе дозволува уништување на сметка на партиски џебови? Ќе проработи ли МЖСПП и нивните локални инспектори или Струга ќе продолжи да тоне во слепилото на партиските интереси на власта, прашуваат од партијата и заклучуваат дека премижувањето пред уништувањето на трската во Струга е само дел од севкупната негрижа на власта за било чиј живот во државата.Народот гледа, стружани веќе се сигурни, ова самоволие жестоко ќе биде казнето.
